Биљали смета дека изборите биле морално нелегитимни: Гледав многу деструктивен национализам

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мерсад Биљали вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека прашањето за тоа кој победил во албанскиот блок е за милион долари.

Според него, во изминативе години културата кај нас е сите да слават победа.

„Реално кај победниците си има бројка, тоа е меродавно, може да кажете дека се добиле на ваков или таков начин, но тоа веќе навлегувате во генетиката на тоа што не сме надлежни да расправаме. Генерално јас не би ги одвоил изборите од македонскиот и албанскиот дел, тие дијалектички се поврзани“, вели Биљали.

Според него, реториката која била актуелна во минатото можеле да се насетат понуди, проекти додека пак сега гледал многу деструктивен национализам.

„Тие избори се морално нелегитимни, затоа што понудите не беа како да имаме побрза економија, побрз развој, подобар стандард, подобро здравство, мерит систем“, вели Биљали.