Контакт

Македонија

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Објавено пред

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави до новата влада за да се примени веднаш по изборите. На нивните повици за заедничко решавање на лошата состојба во друштвото не се одѕвале ниту Управниот одбор ниту Владата како основач на друштвото, иако „Македонска пошта“ е во финансиска криза и во прашање се доведени 2.000 вработени, како и егзистенцијата на нивните семејства. Претседателот на Синдикатот, Боро Велигденов, вели дека со новата систематизација нема да има вработени што не доаѓаат на работа ниту, пак, вработени што доаѓаат, но не си го знаат работното место.

dobivaj vesti na viber

„Нам ни е битно да не се продолжи со оваа лоша кадровска политика, со таа партизација што со години и години се провлекува и ја доведе ‘Македонска пошта’ до работ на опстојување. Клучен проблем е токму таа систематизација. Како што е постојната систематизација веруваме дека во работењето нема во ниту една институција, само во ‘Македонска пошта’. Имаме 15 подружници, 15 директори,  седум членови на Управен одбор шефовски места, раководни позиции, советници, стручни соработници, а се помалку работници во технолошкиот процес. Нашата цел е да изготвиме нова систематизација  која е согласно потребите на друштвото и на пазарот. Да ставиме акцент на технолошкиот процес, на обработка на пратките и сите тие аномалии и проблеми во работењето со таа систематизација ќе се надминат и ќе се позиционираме на пазарот. Ќе ја вратиме ‘Македонска пошта’ на граѓаните, со редовна и навремена достава на пратки. Да нема повеќе работници што не доаѓаат на работа, има работници што доаѓаат, а не знаат кои им се работните места. Затоа е таа нова систематизација, да ја подигнеме продуктивноста во работењето, а со самото тоа ќе ги зголемиме приходите и ќе можеме самостојно да функционираме како друштво“, рече претседателот на Синдикатот, Велигденов.

Вчера вработените зеле плата, но стравуваат за следните исплати оти друштвото е во голема финансиска криза. По протестот минатиот месец, другиот синдикат во „Македонска пошта“ се повлекол од барањата, па сега  Синдикатот предводен од Велигденов ги преставува барањата на сите вработени. Синдикатот веднаш ќе формира работни групи и ќе ангажира експерти кои ќе ја подготват новата ситематизација, а во меѓувреме подготвуваат и нови протести.

„Во наредниот период заедно со сите вработени, најавуваме и нови активности за организација на протест како и отпочнување постапка за штрајк. Во моментот се прават анкети, се информираат вработените за поголемо учество во понатамошните активности. Во насока на заштита на работничките права ќе ги преземеме сите мерки како што се протестите. Бидејќи сега се избори, моментно имаме консултација со членството и дополнително ќе одлучиме во кој период и како ќе настапиме“, рече Велигденов.

Барањата на Синдикатот и на вработените се итни реформи со нова систематизација, а по изборите, и потпишување нов колективен договор по неколкуте протести што ги организираа изминатиов период.

Македонија

Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи „Север“

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во рамките на дешените работни активности оствари работни средби со оперативниот тим „Кафез“ и со Регионалниот центар за гранични работи „Север“.

dobivaj vesti na viber

Оперативниот тим „Кафез“ е формиран со цел поголема ефикасност на полицијата во делот на лишување лица од слобода, кои се барани по потерници, и бележи значителни резултати и покрај катастрофалните услови во кои работат од аспект на возила, материјално-технички средства и просторни услови. Исто така, беше разговарана потребата од реструктуирање на организациските единици, кои работат во делот на потрагите, и формирање една централизирана единица за потраги за поефикасно постапување.

„Во рамките на Регионалниот центар за гранични работи ‘Север’ функционираат полициските станици за граничен надзор и гранични проверки на северната граница кон Србија и Косово, аеродромот во Скопје и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Од страна на раководството бев запознаен со нивната работа и проблемите со кои се соочени и во тој контекст беше посочено дека има недостиг на кадар и возила, особено во делот на прекуграничниот криминал и странци. Во иднина треба да се изврши анализа на постоењето и ефикасноста на определени организациски единици во делот на граничниот надзор и да се предвиди нов и поефикасен начин на работа, кој ќе се темели на користење на највисоките технолошки достигнувања“, издвои министерот Тошковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери во Котор: Реформите се клучен чекор за доближување на регионот во ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамките на учеството на регионалниот самит на лидери во Котор, со мотото „Еден регион, заедничка визија“, се обрати на панелот „Состојбата на терен и идните планови – нов план за раст“. Во своето обраќање истакна дека независно од тоа што Северна Македонија се наоѓаше во предизборен период, за Владата, евроинтеграцијата беше врвен приоритет и беше фокусирана на спроведувањето на приоритетните реформи кои се важни за членството на државата во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„Владата што ја предводам останува посветена на остварувањето на европската агенда, која бара спроведување суштински реформи и усогласување со правото и стандардите на Европската Унија.

Дополнително, го поздравувам усвојувањето на регулативата за механизмот за реформи и раст, со која се обезбедени дополнителни финансиски средства за поддршка на реформите, а чие користење е поврзано со испорачување резултати. Изминатиот период, и покрај фактот што Северна Македонија беше во изборен период, интензивно работевме на финализирање на нашата реформска агенда 2024 – 2027. Последната нацрт-верзија на реформската агенда, одобрена од Владата, беше споделена со Европската комисија на почетокот на мај“, рече Џафери.

Во рамките на овој процес, потенцира Џафери, изминативе два месеца Северна Македонија поднесе предапликација за членство во СЕПА, а Владата објави јавен повик, на кој аплицираа повеќе македонски центри за дигитални иновации.

„Ова се мали, но значајни чекори, кои ја потврдуваат насоката на движење на земјата. Со ист таков ентузијазам и посветеност очекувам да се спроведат најновите патокази, кои се однесуваат на забрзаното приближување кон заедничкиот внатрешен пазар, но и спроведувањето на реформската агенда. И, последно, но не помалку важно – во однос на регионалната соработка ги поддржуваме начелно поставените темели во новиот акциски план за заедничкиот регионален пазар. Имајќи предвид дека сме во период пред избор на нова влада, детаљните активности за кои се надлежни ресорните институции допрва треба да бидат етаблирани и развиени во периодот што следува“, рече премиерот.

Претседателот на Владата на Северна Македонија во своето обраќање потенцира и дека за да успее новиот акциски план за заеднички регионален пазар, на кој напорно работат сите, треба да се деблокира работењето на ЦЕФТА, а Северна Македонија да има свој претставник на највисоко ниво.

„Се надевам дека оваа трасирана патека ќе продолжи да биде водилка и за следната влада на Република Северна Македонија“, истакна Џафери на крајот на своето обраќање.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

Објавено пред

Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа.

dobivaj vesti na viber

По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи/имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени и за правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

Во рамките на настанот, кој беше организиран под покровителство на стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа (Здружението за заштита при работа на Општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28 Април“ – Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА – Скопје), свое обраќање имаше и членот на УО на „Алкалоид“, Ќире Ицев:

„Добиените признанија се најдобар доказ за напорите што ги вложува ’Алкалоид’ во градењето безбедна и здрава работна средина. Ова за нас претставува мотив повеќе и во иднина да продолжиме со напорна работа и со надминување на предизвиците преку континуирано унапредување на воспоставениот систем за безбедност и здравје при работа и преку примена на светски етаблираните практики, кои се со цел заштита на вработените“, истакна Ицев.

„Алкалоид“ како компанија во чиј фокус се луѓето пред сѐ останува посветена на процесот на континуирана надградба на безбедна и здрава работна средина за сите вработени, изведувачи и посетители. Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа, како и примената на највисоките стандарди се вградени во изведувањето на секојдневните операции и активности. Континуираното вложување во унапредување, осовременување и во примена на етаблираните светски практики има цел превенција, намалување и отстранување на ризиците на секое работно место.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Регион29 минути

„Секој треба да си го сработи својот дел“: порака од самитот на лидерите од регионот и ЕУ

Планот за раст на Западен Балкан претставува јасен сигнал за посветеноста на Европската унија за економска и демократска трансформација на...

Македонија2 часа

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Љупчо Палевски-Палчо, првосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по синоќешната екстрадиција, го издржува 30-дневниот притвор што му...

Македонија4 часа

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од договорот од Преспа сè додека не постои целосно усогласување со одредбите. Oтстапувањето...

Македонија4 часа

Љупчо Палевски-Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шуто Оризари

Љупчо Палевски-Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, ја помина првата ноќ во...

Свет5 часа

ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“

Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел...

Свет5 часа

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, изјави вицепремиерот

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност по вчерашното повеќекратно застрелување во обид за атентат, изјави вицепремиерот....

Свет5 часа

Атентат на Роберт Фицо: министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка

Словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток, денеска ќе побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за...

Свет5 часа

Три лица загинаа во авионска несреќа во Тенеси

Три лица загинаа откако мал авион се урна во американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти. Очевидец ја пријавил експлозијата...

Македонија16 часа

Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој...

Македонија16 часа

Палевски екстрадиран, по пет месеци, стигна во Шутка

Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција. Палевски со...

Македонија20 часа

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда во случајот Митровска за неможноста да добие информации кои се нејзините биолошки...

Македонија21 час

Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не сакала да реагира

Прерседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не ги пријавила во полицијата, се’...

Македонија22 часа

Директорот на „Идризово“ за изгорениот автомобил: Ова се подмолни работи од кукавици, ќе се справиме со нив, најдени се траги

Службениот автомобил на директорот на затворот „Идризово“ е седмиот изгорен автомобил на вработен во затворот во изминатата една и пол...

Македонија22 часа

Османи очекува Управниот суд да ја преиначи одлуката за прегласувањето, најави и пријави за членовите на ДИК

Домашната и меѓународната јавност беа сведоци на еклатантното кршење на процедурите во Државната изборна комисија и партиската и институционалната кражба...

Македонија1 ден

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Тој е врвен професионалец, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Вработените на Клиниката за токсикологија преку писмо застанаа во одбрана на својот колега Нико Беќаровски за кој претходно Министерството за...

Македонија1 ден

Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа, докторот најави тужба и тврди дека објавената изјава е лажна

Министесртвото за здравство упати обвинувања за докторот од Токсикологија, Нико Беќаровски, дека ги навредувал Албанците на национална основа. Изјавата е...

Топ1 ден

МВР со детали за запаленото возило на директорот на „Идризово“: Пожарот зафати дел од фасада на зграда и балкони

Денеска, околу 3.35 часот, во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода било...

Регион1 ден

(Видео) „Ги зедов да ги заштитам“: првите зборови на таткото што ги држеше децата како заложници во Драч

Алекс Марку (40), кој синоќа во Драч со часови ги држеше во заложништво своите две малолетни деца додека пукаше со...

Топ1 ден

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”

Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил ,,пасат” на Зоран Јовановски, директорот на затворот ,,Идризово”. „На 15.05.2024 околу 03.35 часот...

Свет1 ден

„Раѓаме бебиња само за да ги изгубиме“: плачот на мајките од Газа чии деца беа убиени во нападите

Раним Хиџази се сеќава дека цврсто го држела својот едногодишен син Азуз пред израелскиот воздушен напад. Дронот што лета над...