Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Покана од Мицкоски за идна влада со Таравари и „Вреди“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека се слушнал со претседателскиот кандидат на „Вреди“, Арбен Таравари и му посакал успешни парламентарни избори, а во тој контекст спомна и идна влада.

-Се слушнав со албанската опозиција, со г-динот Арбен Таравари му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори,  идна влада во Македонија. Сакав само да му изразам поддршка, да им изразам поддршка на сите оние кои се обединија против лошите политики на ДУИ и СДСМ, а се дел од албанската опозиција. И ние како ВМРО-ДПМНЕ со сите оние кои се против на овие политики кои значат корупција и криминал, подготвени сме да разговараме за иднината на Македонија, изјави Мицкоски и наведе дека не може да даде повеќе детали за тоа.

Мицкоски посочи и дека разговарале и за победата на Силјановска во првиот изборен круг со 150 илјади гласови разлика.

Телма се обиде да стапи во контакт со Таравари за изјавата на Мицкоски, телефонскиот разговор и идната влада, но, претседателскиот кандидат го исклучуваше телефонот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе