Search

ВМРО-ДПМНЕ: Калкулантството на членот на историската комисија Петар Тодоров е само последица на калкуланството на Ковачевски и предавничката влада на СДС

Тешко на Македонија кога опортунисти како Тодоров штитат идентитет, давајќи нејасни одговори на кристално јасни теми како идентитет, потеклото на Делчев, наши темелни црвени линии.

Човекот на очиглед на целата јавност видовме како се препелка и тера политика, не се спротивставува на бугарските фалсификати, и наместо да разјаснува историски факти, се труди да оправда историски фаласификати.

Затоа историската комисија наместо да затвора прашања, тие отвораат дилеми. Затоа што работат под диктат на политиката на Ковачевски и Османи.

Ако Тодоров има дигнитет треба да си даде оставка затоа што не нуди ниту еден одговор, на ниту едно прашање. Предавничките политики на Ковачевски, си бараат предавнички клиентелисти како Тодоров.

Треба да знаете
Последни објави