Поврзете се со нас

НБА

Гобер во елитно друштво откако повторно е избран за Дефанзивец на сезоната во НБА

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAFRANCE

Руди Гобер го пропушти вториот натпревар од серијата меѓу Денвер и Минесота затоа што претходниот ден првпат станал татко, а најубавата вест во неговиот живот сега е надополнета со важно признание во НБА лигата.

Французинот победил убедливо во гласањето за Дефанзивец на сезоната во НБА, со што ја добива наградата веќе четврти пат. Претходно, Гобер беше број еден одбранбен играч и во 2018, 2019 и 2021 година, а со четвртото признание влезе во исклучително елитно друштво.

Досега, ова признание четири пати го имаат добиено само уште Дикембе Мутомбо и Бен Валас.

Статистиката вели дека Гобер имал 9,2 дефанзивни скокови и 2,1 блокади просечно по натпревар, а ги лимитирал противниците на 21,6 проценти обиди од рекетот кога бил на теренот.

Гобер добил 4.333 поени во гласањето, освојувајќи го првото место убедливо пред сонародникот Виктор Вембанјама, кој го освои второто место во категоријата уште во дебитантската сезона во НБА лигата.

Бем Адебајо од Мајами го освоил третото место, а понатаму во поредокот се Ентони Дејвис, Херберт Џоунс, Џру Холидеј…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни