Економија
ОТВОРЕНА НАЈГОЛЕМАТА ВЕТЕРНА ТУРБИНА НА МОРЕ
16.10.2024
Најголемиот ветерен електричен парк на море во светот е отворен во источната кинеска провинција Фуџијан. Турбината на ветер е со моќност од 26 мегавати. Нејзината централна оска е висока 185 метри. Дијаметарот на роторот надминува 310 метри, со што е најголемата турбина во светот според количината на произведена струја и димензии.
Оваа турбина е доволна за да снабдува со струја 55.000 домаќинства во текот на годината и да заштеди повеќе од 30 илјади тони јаглен за производство на електрична енергија и да ја намали емисијата на јаглен диоксид за над 80 илјади тони, пренесе „Бизлаив“.
фото freepic