Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Од времето е! Лоши денови за метеопатите

Објавено

на

Наглата промена на временските прилики, која слободно може да ја протолкуваме како „од лето во зима“ ќе има негативно влијание врз луѓето, особено врз метеопатите.  Голема е веројатноста за појава на главоболка, како и болки во колената, грбот и на вратот. Останати тегоби кои се забележуваат се општа слабост, чувство на тежина во главата, како и промени во расположението, односно меланхолија, раздразливост.

Метеопатијата не е болест, но е еден вид здравствен проблем кој се јавува под дејство на влијанието на метеоролошките фактори, меѓу кои промени на температурата, влажноста и воздушниот притисок, ветер, дожд, грмотевици. Да, вашиот организам е здрав, но во денови како овој едноставно не се чувствувате добро и како да не сте свои.

Научно е докажано дека на човековото здравје и удобност најмногу влијаат четири климатски елементи: температурата на воздухот, влажноста на воздухот, брзината на ветерот и глобалното сончево зрачење. Уште Хипократ, „таткото на медицината“ пред 2.400 години напишал дека „кој сака да истражува во медицината треба да ги земе предвид годишните времиња, бидејќи секое од нив е различно“.

Лекарите нагласуваат дека никој не е целосно имун на влијанието на времето врз здравјето, но сепак најпогодени се постарите, трудниците, лицата со зголемена телесна тежина и оние кои боледуваат од кардиоваскуларни и респираторни хронични заболувања. Анализите покажале дека жените се попогодени, односно дури 30% од вкупната женска популација во светот, страда од метеопатија.

Да се ​​биде метеопат дефинитивно не е лесно. Времето не можете да си го направите по желба, а многу луѓе вашиот проблем нема да го сфатат сериозно. Она што може да го направите е да си помогнете во ублажување на симптомите.

Еве неколку совети:

Пијте чаеви кои ги смируваат нервите и ги релаксираат мускулите. Лавандата е закон на ова поле, а ќе помогнат и кантарион, камилица и глоѓ.

Не правете драстични разлики со клима уредот во температурата на домот или канцеларијата во споредба со оној надвор. Обидете се да ја одржувате собната температура на околу 20 степени.

Тренирајте го телото на температурни разлики. Посетете сауна или поминете низ топол ден без клима, повремено туширајте се наизменично со топла и ладна вода.

Најдете време за одмор и релаксација во мир и тишина за да го намалите стресот.

Обидете се да ја избалансирате исхраната со поздрави оброци, повеќе зеленчук и овошје.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена