Кандида е габа која природно се наоѓа на кожата, во вагиналната област и во дигестивниот систем, но доколку нејзиниот број почне да се зголемува и ги надминува нормалните вредности, може да предизвика низа компликации. Понекогаш кај децата се случува симптомите предизвикани од кандидијаза (инфекција предизвикана од габата кандида) лекарите да ги помешаат со аутизам или АДХД (нарушување на дефицит на внимание), па понекогаш се јавува погрешен третман.

Кандидата може да предизвика инфекции кога кожата е оштетена, кога е топла и влажна или кога детето има слаб имунолошки систем. Кај некои деца може да навлезе подлабоко во ткивата или крвотокот и да предизвика сериозни болести. Антибиотиците и кортикостероидите, исто така, може да предизвикаат прекумерен раст на овие габи, бидејќи тие ги убиваат добрите бактерии во цревата кои го спречуваат растот на габите.

Како да проверам дали моето дете има кандидијаза?

Ако лекарот се сомнева на кандида, тој ќе одреди како ќе го испратите примерокот во лабораторија. Тоа може да биде дел од кожа, урина или од столица.

Кај децата што имаат проблем со прекумерниот раст на оваа габа може да се појават симптоми кои ќе ги збунат родителите, па дури и некои здравствени работници. Еве ги симптомите што можете да ги очекувате:

Симптоми на однесување

Дете што премногу бара
Неусогласено дете
Агресивно, склоно кон самоповредување и удирање со глава
Често ги става рацете над ушите
Ќе џвака сешто
Се смее без причина, дури и среде ноќ
Се качува каде што ќе стигне
Се буди среде ноќ
Темни кругови под очите
Сака да виси наопаку
Чувствува вртоглавица
Губи енергија
Хиперактивно е
Оди на прсти
Мавта со рацете
Чкрипи со забите
Има желба за леб, ориз, колачи, крекери, тестенини и слатки
Има желба за банани

Клинички знаци

Исипи
Егзема
Влажен скалп со мирис на „мокро куче“
Чешање на вагината и гениталиите
Црвенило околу анусот и вагината
Надуеност на желудникот
Зголемена надуеност
Запек или дијареја
Промени во мирисот на столицата (квасец, леб, сладок мирис)

Како се лекува кандидијазата?

Лекарот ќе ви даде детални упатства во зависност од бројот на габи во телото на вашето дете, но она што е заедничко за сите е:

Исфрлање на слатките
Користење храна со растителни влакна
Јаглехидратите се дозволени, но во умерени количини
Намалување на стресот
Користење куркума и кокосово масло што е можно повеќе бидејќи се смета дека ја убиваат кандидата
Исклучување на кравјото млеко и млечните производи.

Извор



912

X