Пет меча за 50 квота: Голови на дербито во Белград, ПСЖ и Манчестер се големи фаворити

Пет интересни мечеви кои ако се одиграат заедно на еден тикет ќе ви донесат вкупен коефициент од 50.12, нудат денешните Квоти на ден во Sport Life. Во само четири дена, Црвена ѕвезда по втор пат е домаќин на Партизан, овојпат во меч од Купот. На последните два меѓусебни дуели имаше многу голови на двете страни, па затоа и опцијата е да се одигра дека ќе има барем по еден гол во двете полувремиња и дека двата тима ќе се израдуваат барем по еднаш. Оваа комбинација се вреднува со 2.10.

Пари Сен Жермен е голем фаворит за победа на гостувањето кај Лориен и тоа во средба на која треба да има од два до пет погодоци за да биде добитна играта која е со квота од 1.95.

Аталанта и Фиорентина играат во полуфиналето на Купот, а домаќинот не треба да загуби на стадионот во Бергамо и тоа во дуел на кој фановите на Аталанта ќе се израдуваат барем на два погодоци. Оваа опција е со коефициент од точно два.

Манчестер јунајтед треба да се радува на „Олд Трафорд“ против Шефилд јунајтед во пресметка на која треба да има од два до четири погодоци, што носи одлична квота од 2.40.

Градското дерби меѓу Евертон и Ливерпул е во фокусот во Премиер лигата. Тука Ливерпул треба да постигне барем два гола, но и Евертон да се израдува барем на еден погодок. Коефициентот  е одличен и изнесува 2.55.

- Оглас -

Најнови вести