НАЈГОЛЕМОТО ИСТЕКУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ НЕКОГАШ - од Whatsapp украдени 500 милиони броеви, има и од Србија, Хрватска и Словенија
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2022
Популарната апликација за пораки „Whatsapp“ беше цел на хакери, кои украдоа 500 милиони броеви на мобилни телефони, вклучувајќи ги и оние од Србија, Хрватска и Словенија.
Телефонските броеви на речиси 500 милиони корисници на WhatsApp од базата на податоци ажурирана оваа година се продаваат на хакерски форуми, ставајќи во ризик речиси една четвртина од проценетиот број на сите активни корисници.
Според скриншот објавен на порталот „Сајбер вести“, од Србија се продаваат речиси 163.000 броеви, од Хрватска 659.000 и од Словенија 230.000.
Базата на податоци за продажба ги содржи мобилните броеви на корисници од 84 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Египет, Италија, Саудиска Арабија, па дури и Индија.
Според објавените податоци, содржи повеќе од 32 милиони американски броеви, 45 милиони од Египет, 35 милиони од Италија, 29 милиони од Саудиска Арабија, 20 милиони од Франција, 20 милиони од Турција и речиси 10 милиони од Русија.
Хакерите ги објавија продажните цени, така што за американските податоци бараат 7.000 долари, а за британските 2.500 долари.
На корисниците на Whatsapp им се советува да не одговараат на повици и пораки од непознати броеви.
Техничките медиуми пишуваат дека тоа е едно од „најголемите протекувања на податоци досега“.
Од компанијата „Мета“, која е сопственик на „Ватсап“, се уште не одговориле дали овие тврдења се точни.