Аларм за јавните набавки – Државниот ревизор открил неправилности од 7,5 милијарди денари

Аларм за јавните набавки – Државниот ревизор открил неправилности од 7,5 милијарди денари

Само во 2020та година, од државниот завод за ревизија утврдиле неправилности во јавни набавки, со кои се потрошиле 670 милиони денари, народни пари. Во 2021ва, речиси 6 милјарди денари. За 2022 пак, тоа биле безмалку една милјарда денари, кои биле потрошени во јавни набавки со неправилности. – Алармира главниот ревизор, кој додава дека многу често, државата трпи штета и поради тесно-партиски и лични интереси или неспособност да се спроведат започнатите проекти.

  • „Тоа е за железничката пруга, за коридорите, пругата до бугарска граница, како за автопатот „Кичево-Охрид“. Тоа ќе биде историско 12 години градење автопат. Можеби ќе ни дадат и меѓународна награда за сетоа тоа. Изградбата за болницата во Штип, изградбата на болницата во Кичево.“ – Порача директороот на ДЗР Максим Ацевски.

Во Македонија често има несоодветно спроведување на проектни инвестиции, бидејки не постои евалуација ниту на законите, ниту на проектите – Потенцираше главниот ревизор на панел дискусијата за превенција и борба против корупцијата во јавните набавки, кој додава оти не може на некој функцинер да му се сони, дека утре ќе прави некој капитален проект и дента да почне да го спроведува.

  • „Од 19 проекти, само еден проект завршил. 6 проекти во застој, нема никаква реализација. Проект за инфраструктура, склучен договор во 2023та година, со денот на ревизија во 2024та година, реализација 0. Откажани 79 милиони евра грант од ЕУ. Започната инвестиција во 1996 година, ризик од губење на 60,75 милиони евра. Склучени проектни активности, во кои што вредноста е зголемена далеу повеќе од она што било првично утвредно. Арбитража 22 милиони евра. Започната изградба во 2015та година, после 7 години, работата не е завршена“ – Истакна директорот на заводот за ревизија

Ацевски смета дека вистинската причина за ова е инертноста и незаинтересираноста на вработените во администрацијата, кои го дозволуваат своеволието на функцинерите, бидејќи очигледно не сфаќаат дека тоа се и нивни пари, не само на граѓаните кои работат во приватниот сектор. Првиот ревизор сподели и шокантен податок. Дека само исслеувањето, односно одливот на млади кадри, ја чини Македонија фрапантни 8,4% од бруто-домашниот производ.

Од управата за финансиска полиција пак, велат дека граѓаните треба да бидат сериозно загрижени за степенот на корупција во нашето општество и личното богатење на поединци, бидејќи тие појави ни ги поткопуваат темелите на државата.

  • „Корупцијата ги поткупува инситуциите, вербата на граѓаните во институциите, ги поткопува демократските вредности, моралните вредности и правдата. Треба да бидеме загрижени поради фактот што корупцијата во јавните набавки е поврзана и со други форми на тежок криминал, како што е перењето пари, организираниот и економскиот криминал. Незаконското лично богатење им штети на демократските институции, на националните економии и на правната држава. Потребна е заедничка соработка помеѓу инситуциите кои претставуваат клучни чинители во процесот на создавање, јакнење и заштита на системот, во насока на спречување, откривање и борба против корупцијата во јавните набавки, со крајна цел враќање на имотот на државата, на граѓаните.“ – Изјави Сања Костадиновски, самостоен инспектор во Финансиска полиција

Таа појаснува дека на моменти, речиси 24% од државниот буџет се троши на јавни набавки, каде се случува и најголмиот дел од корупцијата во државата а честа причина за злоупотреби во овие процеси е блискоста помеѓу државните службеници и преставниците на бизнис секторот. Таа додава дека на речиси секој чекор од процсеот за јавни набавки постои ризик за злоупотреба.

На панел дискусијата свое обраќање имаше и заменик амбасадор на Германија, Отто Граф, кој пак потенцираше дека во Македонија во воздух лебдат огромни суми пари од Германија, додеделни преку ИПА фондовите, кои не се употребуваат бидејќи нема реализација на проектите.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста