Фото: Маја Јаневска Илиева

Со среќа нека ви биде изборот. Го признавам поразот, и честитам на Гордана Силјановска Давкова, и да и посакам среќа во вториот изборен круг, рече вечерва на прес-конференција претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

-Далеку се резултатите од очекувањата, битно беше дека граѓаните имаа избор. Дали граѓаните биле во право, ќе видиме после 5 години, да сме живи и здрави – рече Јакимовски кој според првичните неофицијални резултати има освоено 0,9 проценти од гласовите.