UNRWA ја обвини израелската војска за злоставување на нејзините вработени во притворите

Агенцијата на Обеденитетите нации за помош на палестински бегалци (UNRWA) објави дека некои нејзини вработени и други лица приведени од израелските сили во Покасот Газа биле злоставувани во притворите.

Во извештајот објавен во вторникот, UNRWA наведува дека персоналот кој бил приведен, во некои случаи додека бил на службена должност, бил „држен во изолација и подложен на истите услови и злоставвуање како и другите затвореници“, што вклучувало неколку различни форми на злоставување.

Агенцијата соопшти дека нивните вработени рекле дека биле тепани, им се заканувале со силување и електрошокови, како и дека биле принудени да ја соблечат целата облека.

„UNRWA поднесе официјален протест до израелските власти во врска со третманот на вработените во агенцијата додека се во израелските притворски центри. До денеска, UNRWA нема добиено никаков одговор на овие протести“, се вели во извештајот.

Израелската војска тврди дека постапува во согласност со израелските и меѓународните закони и дека притворениците имаат пристап до храна, вода, лекови и соодветна облека. Војската не одговори веднаш на барањето за коментар за извештајот на UNRWA.

Соединетите држави се „длабоко загрижени“ и ќе го притиснат Израел да ги истражи наводите и да ги повика на одговорност сите сторители, изјави Ведант Пател, заменик портпарол на Стејт департментот.

Здружението на палестински затвореници соопшти дека Израел одбива да открие информации за тоа колку луѓе притворил од ПојасотГаза во изминатите шест месеци и каде се тие.