ПАЛЧО МУ РЕКОЛ НА БОРЕ ВИДЕВСКИ ДА ПОМИНЕ ВРЕМЕ, ЌЕ БАРААТ ОТКУП ЗА ВАЊА, ИАКО Е УБИЕНА, СВЕДОЧЕЛ ТОЈ ПО АПСЕЊЕТО, ЗА НА СУДЕЊЕ ДА КАЖЕ ДЕКА НЕМА ВРСКА СО УБИСТВАТА И СЀ РЕКОЛ ПОД ПРИСИЛА

    ПАЛЧО МУ РЕКОЛ НА БОРЕ ВИДЕВСКИ ДА ПОМИНЕ ВРЕМЕ, ЌЕ БАРААТ ОТКУП ЗА ВАЊА, ИАКО Е УБИЕНА, СВЕДОЧЕЛ ТОЈ ПО АПСЕЊЕТО, ЗА НА СУДЕЊЕ ДА КАЖЕ ДЕКА НЕМА ВРСКА СО УБИСТВАТА И СЀ РЕКОЛ ПОД ПРИСИЛАСудијата продолжува да го испрашува Видевски. За многу од прашањата, особено за потпрашањата, Видевски одговори дека не се сеќава. (Фото: СДК.МК)

    Обвинетиот Боре Видевски на минатото судско рочиште кажа дека го обвинението и секаква негова вмешаност во грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и на 14-годишната Вања Ѓорчевска, па обвинителките денеска ги читаа неговите два исказа дадени пред нив, односно во истрагата, во декември 2023 година.

    Се читаше прво записник од 4.12.2023 година од изјавата на каратистот Боре Видевски, во која тој во детали, описно и автентично ги опишува овие две монструозни кривични дела, од идеја до реализација и потоа што се случувало.

    Кажува дека идејата на обвинетиот Љупчо Палевски за киднапирање луѓе и барање откуп за нив, што му ја пренел сообвинетиот Велибор Манев, му се допаднала бидејќи бил во лоша финансиска состојба.

    За Панче вели му задал 2 удара во лицето, по што паднал.

    „Велибор го врза со јаже. Горе во Рудник слушнав истрел. Го видов Палчо како држи пиштол во раката. Го прашав: Зошто го уби?”, ја читаше обвинителката изјавата на Боре дадена во истрагата.

    На прашањето Палевски му одговорил дека возилото е потребно за грабнување на девојката која не ја познава.

    „Знаеше дека ќе одела на училиште. Палчо ни кажа дека бил известен од таткото на девојчето дека ќе оди сама на училиште. Ни кажа дека треба да ја грабнеме девојката и да бараме откуп од нејзините родители”, се читаше исказот на Видевски од 4.12, по неговото апсење, односно 7 дена по убиството на Вања на 27.11.2023 година.

    Велешанецот Панче беше убиен на 22 ноември, пет дена пред Вања.

    „Палчо ни го покажа девојчето на фотографија. Утрото на 27.11 тоа излезе од лифтот, Велибор и стави трака на устата. Ѝ рече да не вика, оти ќе ја убие. Велибор ја стави во гепек. По насока на Палчо, нејзиниот мобилен телефон го скршивме веднаш од патосницата за да се прекине секаков сигнал од него. Тргнавме кон Бразда, Палчо не чекаше на пат кон местото каде требаше да го носиме девојчето”, раскажувал во детали тој.

    „Ја спуштивме, беше во вреќа. Слушнав истрел, ја уби. Го прашав зошто го стори тоа? Ги крена рамениците, не одговори ништо”, вели Видевски во изјавата пред обвинител на 4.12 по апсењето.

    Пак во детали раскажувал како ја закопал Велибор, потоа како отишле да го запалат „ситроенот“ на претходно убиениот Панче Жежовски, по што се упатиле кон партијата „Десна” до Веро Џамбо. Кажува и тој дека сите четворица се вратиле со „кангуто” и дека возел Палевски.

    И во партијата го прашал Палевски зошто го уби девојчето?

    „Да помине време, ќе бараме откуп од семејството”, одговорил Палевски според исказот на Боре Видевски.

    „Претпоставувам истиот пиштол беше како за Панче, така и за девојчето”, вели Видевски.

    Веќе на 21-ви истиот месец, во втор исказ пред обвинител, кажува дека тоа што го има во записникот од четврти е точно се што тој кажал ви истрагата.

    Но, Видевски нагласува дека сето тоа го кажал од страв и поради тоа што бил многу тепан.

    Потоа го испрашуваше Палевски, Видевски му одговараше дека во целост го негира кривичното дело за кое е обвинет, ги негира сите искази што ги дал во обвинителството под присила.

    Потоа Палевски го праша дали Велибор Манев му пратил слика од Панче Жежовски.

    „Може и ми пратил по грешка. Игнорирам такви работи што немаат врска со мене”, одговори каратистот Боре Видевски.

    Потоа го испрашуваше судијата Ивица Стефановски.

    Не се сеќава зошто клечел и се криел на снимки на безбедносните камери вечерта пред да биде грабнат Панче, зошто проверува радиостаници дали работат.

    „На снимките се гледа како доаѓате кај Велибор дома со згаснати светла со вашата шкода. Во раните утрински часови. Се гледа како ставате ракавици. Зошто ставате ракавици во раните утрински часови во 2-3?”, го праша судијата.

    „Тоа не е сабајле, туку навечер. Ми ги даде ракавиците, не знам зошто ги ставив. Тргнавме да прошетаме. Не знаев каде одиме, затоа се вративме веднаш”, рече Видевски.

    Не видел лопати во „Реното кангу”.

    Судијата продолжува да го испрашува Видевски. За многу од прашањата, особено за потпрашањата, Видевски одговори дека не се сеќава.

    За овие свирепи кривични дела се обвинети уште и Влатко Кешишев кој ја однесе полицијата на местото каде што беше закопано детето, но и нејзиниот татко Александар Ѓорчевски.

    Кешишев, Ѓорчевски и Палевски не се сослушани.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира