Search

„Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на затворањето на „Крај Вардарот Џез“ во Лабораториум

Вечер, на третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“, во Едукативниот културен центар Лабораториум, со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“ и „Поетроника„.

„Macedonian Free Society“ е нов-креативен, (о)слободен, инспиративен бенд составен од извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез и современа музика. Неговите членови поединечно, или како дел од нивните матични состави нижат признанија и награди во домашен и меѓународен контекст и тоа: Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски.

„Поетроника“ пак еден од највозбудливите музички проекти во земјава, кој поставува нова парадигма во начинот на изведба на современа македонска поезија во форма на поетско-музички перформанс и во симбиоза со авторска електронска музика, изведена во живо. Заслужни за тоа се двајца врвни современи уметници, Оливер Митковски, еден до најголемите домашни актери, кој во изведбата го носи читачкиот (поетски, интерпретативен) дел и Андреја Ристески – Салпе, талентиран автор и продуцент, еден од водечките современи македонски електронски артисти, задолжен за музиката.

Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 е поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и едукативниот културен центар Лабораториум.

Најново

Последни колумни