ВМРО ДПМНЕ: Дали СДС и ДУИ на еден месец пред заминување туркаат милионски тендер за дигитални учебници?

ВМРО ДПМНЕ: Дали СДС и ДУИ на еден месец пред заминување туркаат милионски тендер за дигитални учебници?

-Дали СДС и ДУИ на еден месец пред заминување туркаат милионски тендер за дигитални учебници? прашува ВМРО ДПМНЕ, преку соопштение од изутрината. Објаснуваат дека пред само неколку месеци МОН дало 500.000 евра на фирмата Тримакс за дигитални учебници што никој не ги користел, а сега истата фирма добива 800.000 евра, повторно за дигитални учебници, како претходно, од кои дел беа опфатени со претходната набавка.

-И по сето ова МОН водена од ДУИ и СДС на само еден месец пред избори прави нова јавна набавка повторно за дигитални учебници, за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии. Дали повторно Тримакс треба да се јави како добитник на овој тендер или тој ќе отиде кај омилените за ДУИ, Арс студио, која претходно доби тендер од 5 милиони евра за превод на учебници? – прашува вмро дпмне, порачувајќи дека е време за промени, а единствено може да ги донесе народот со убедлива победа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста