Британците имаат помалку од 100 дена да потрошат 14 милијарди фунти во стари пари

Банката на Англија им даде фора на сите Британци до крајот на септември да ги потрошат сите стари хартиени банкноти со вредност од 20 и 50 фунти. По 30-ти септември овие банкноти го губат статусот на легално платежно средство.

Иако најголемиот дел од хартиените 20-ки и 50-ки се заменети со нови, пластични, верзии, на 100 дена пред крајниот рок и понатаму имаше над 6 милијарди фунти во хартиени 20-ки, и над 8 милијарди фунти во хартиени 50-ки.

Според Банката на Англија се работи за над 300 милиони парчиња 20-ки и 160 милиони парчиња 50-ки.

Британија пред една година објави пластична (полимерска) банкнота од 50 фунти, која беше последна од сите деноминации на фунтата (5, 10, 20 и 50) останата на хартија.

Наместо Кралицата Елизабета, на новата 50-ка е Алан Туринг.

Префрлањето од хартија на пластика се прави со цел поголема издржливост на банкнотите и нивно потешко фалсификување.

2 јули 2022 - 18:52