Поврзете се со нас

АТП

Синер: Не сакам да се ставам под притисок, секој турнир…

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Јаник Синер ја има улогата на прв носител и прв фаворит за титулата на Мастерсот во Мадрид, односно со позитивен резултат тој драстично ќе му се доближи на првопласираниот Новак Ѓоковиќ на АТП листата.

Италијанецот со триумф може да дојде до 1000 поени што во случајов значи дека разликата меѓу него и Ѓоковиќ може да се сведе на само 330 поени пред Мастерсот во Рим.

-Не сакам да се ставам под притисок. Во позитивен момент сум, победив на многу натпревари, само сакам да продолжам вака. Знам дека треба да се подобрам ако сакам да продолжам да победувам. Барам нови можности, секој нов турнир е и нова шанса да покажам дека го подигнав нивото на мојата игра.

-Докажувам дека напредував…Навистина би сакал да го направам тоа овде во Мадрид. Ова е нов турнир, нова можност, ќе видиме како се ќе биде, -изјави Синер.

На другата страна го имаме Карлос Алкарас кој би можел да му биде ривал на Јаник во големото финале.

-Синер е опасен. Тој е најдобриот играч на светот. Некои сметаат дека неговиот тенис не е добар за земја, ама имаше добри резултати и на неа. Тој може да победи на секој турнир, а јас се борам со него и Новак да бидеме број еден. Ќе се обидам да останам во таа трка, иако ќе биде многу тешко, -рече Карлос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни