Романо ја откри единствената причина зошто трансферот на Мбапе не е официјализиран

од Симе Стоиков

Фабрицио Романо денеска ексклузивно откри дека веќе нема никакви пречки за трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Но, од почит кон Пари Сен Жермен, Французинот се уште јавно не објавил дека заминува во „кралскиот“ клуб.

Како што вели Романо, единствената причина е – Лигата на шампионите.

– Мбапе и Реал Мадрид? Останува само да го потпишат договорот, сите детали се веќе разработени. Исто така, тајмингот е нешто што треба да се почитува и Лигата на шампионите е огромен фактор.

Сигурен сум дека ако ПСЖ беше исфрлен од Лигата на шампионите во март, Мбапе веќе ќе ја објавеше својата одлука, но бидејќи тие се уште играат во Лигата на шампионите, тој сака да покаже почит кон својот клуб“, изјави Романо.

Слични содржини