САД би можеле да воведат санкции за кинеските банки поради соработката со Русија


Соединетите Американски Држави би можеле да воведат санкции за кинеските банки поради соработката со Русија, објави денеска Волсѕтрит џорнал (Wall Street Journal), повикувајќи се на анонимни извори.

Вашингтон очекува, како што е наведено, дека заканата од санкции ќе го принуди Пекинг „да ја прекине трговската поддршка за руската воена индустрија“.

Во написот се наведува дека кинеската помош „и овозможи на Москва да го обнови својот воено-индустриски потенцијал“, додека кинеските банки служат како клучни посредници во комерцијалниот извоз во Русија.

Американските власти, сепак, признаваат дека воведувањето санкции би била „последната опција“ доколку Вашингтон не го убеди Пекинг преку дипломатски канали да го ограничи извозот во Руската Федерација.

Според весникот, американските власти го засилија притисокот врз Пекинг во последните неколку недели на приватни состаноци и телефонски разговори, предупредувајќи дека Вашингтон е подготвен да преземе мерки против кинеските финансиски институции поради соработката со Москва.