ЦУК апелира на внимателност при појава на силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, најавени за попладне

Метеоролозите најавија дека денеска, особено попладне, ќе има локална појава на метеоролошка нестабилност, со локално пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

ЦУК апелира на голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Сите итни случаи, како што додаваат од центарот, се пријавуваат на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Текстот ЦУК апелира на внимателност при појава на силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, најавени за попладне е превземен од МАКФАКС.