Зајкова: Ние не нудиме лажен патриотизам и гол популизам, туку реални и остварливи проекти

Ние пред вас излегуваме со конкретни ветувања кои сакаме, а покажавме и дека знаеме и можеме да ги исполниме, ние не нудиме лажен национализам и гол популизам. Порача коносителката на листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица еден, Моника Зајкова вечерва од Македонски Брод.

Зајкова ги сподели клучните ветувања на Коалицијата за европска Македонија за претстојниот мандат.

 

„Гарантираме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, кои со влезот во ЕУ проектираме да достигнат до 1.300 евра односно 800 евра. Имаме конкретни проекти за младите да одлучат зошто сакаат да останат да живеат во својата Македонија. Програмата за млади која предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемуваат на 8.000 евра. Имаме и конкретни решенија за подобра живеачка на работниците, пензионерите, административците“ посочи Зајкова.

Back to top button
Close