Поврзи се со нас

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Силјановска Давкова: Во ЕУ само ако станеме нормална држава со почитување и практикување на вредностите

Објавено

на

ВМРО – ДПМНЕ и партиите од коалицијата што ја предводат кампањата за претседателските избори ја започнаа со голем митинг пред зградата на Владата. Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова обраќајќи се на митингот рече дека мора да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок.

-Ама и во какви било односи кон надвор со држави поголеми од нас, па и со сојузи како што е ЕУ, ние вистинските европјани, имаме обврска да потсетуваме на темелните вредности, оти без нив нема ниту демократија, ниту просперитет, ниту мир. Не се оди во Европа со реторика ЕУ, НАТО, НАТО ЕУ. Не, туку со почитување на вредностите и со практикување на вредностите само ако станеме нормална, стандардна држава, ќе бидеме во рамките на ЕУ, рече Силјановска Давкова.

Тие членството во ЕУ, вели таа, го замислуваат како качување на воз што оди кон Брисел. Не, додаде кандидатката за претседател, Брисел треба да дојде овде.

-За овие години тие ништо од тн. копенхагенски критериуми не спроведоа. Ние ќе го сториме тоа. Кога нема ништо да направите, и кога ќе бидете во конфузија, што ви преостанува, само хорски да пеете нешто во што не верувате. Нема потреба од повторување за нешто што постои, рече Силјановска Давкова.

Таа посочува дека тие ветуваат реформи, а тоа значи дека не ги направиле. – Кога нема да го направите она што сте го ветиле, треба да си заминете, рече таа.

Презентирајќи ги своите цели рече дека како претседател ќе се врати кај граѓаните преку народните канцеларии, кои сега ги снема. Ќе ја почитува владата и ќе соработува со неа.

-Некогаш ќе ја советувам, некогаш ќе ја критикувам, ќе бидам своја глава. Ако во извршната власт има две глави тие мора да соработуваат. Надвор нема да заминам без да изградам консензус за најважните државни и национални прашања. Ќе го почитувам Собранието како законодавен орган. Но ако забележам врз основа на анализа дека отстапува од Уставот и законите ќе побарам да се обратам, да предупредам. Ако и тоа не врви ќе употребам вето. Нема да дозволам надвор да парадираат дипломати кои ја уриваат гордоста на Македонија. Напротив ќе не претставуваат најстручните и најдобрите, рече Силјановска Давкова.

Нејзините двајца членови во Судскиот совет ќе бидат најдобрите правници. – Моите предлози во Уставниот суд ќе личат на моите колеги, Џуно, Нектов, Старова, не на нивните партиски послушници кои ги употребија во процесот против народот, рече таа.

-Ќе го одберам ако имам таков избор, или ќе го именувам најпочитуваниот во вооружените сили врховен комндант на истите. Зошто оние под него и војниците  треба да веруваат  во водачот.  Ќе се грижам за оние кои се дел од вооружените сили. Се разбира  ние сме веќе членка на НАТО и стандардите треба да се почитуваат, рече Силјановска Давкова. Во Советот за безбедност ќе именува тројца врвни познавачи на безбедносните прашања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, кој е и носител на листата во Првата изборна единица на Парламентарните избори, оцени дека „народот доаѓа по своето, по тоа што му е одземено“. – Доаѓа по Македонија, до големите промени со кои на сите ќе им покажеме дека не ја даваме, дека сите заедно сме силата на Македонија, истакна Мицкоски.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 минути

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 3 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 3 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 4 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 5 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 20 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 21 час

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 24 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена