Рангник официјално го одби Баерн, ја одбра Австрија пред Баварија

Во Баерн Минхен се решени да се разделат со тренерот Томас Тухел дури и ако со него ја освојат титулата во Лигата на шампионите, но Баварците никако не успеваат да си најдат нов тренер кој ќе го води тимот во следната сезона.

После Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман, негативен одговор на понудата на Баерн даде и Ралф Рангник.

„Јас сум селектор на австриската репрезентација со целото срце. Ова не е одбивање на Баерн, туку одлука да останам со мојот тим со кој сакам да си оствариме заеднички поставените цели“, рече 65-годишниот Рангник.

- Оглас -

Најнови вести