Во чест на кинескиот лидер Си Џинпинг, кој денеска доаѓа во дводневна посета на Србија, по улиците на главниот град на Србија се веат знамињата на Кина и Србија.
Поставени се и билборди со натписи на српски и кинески: Добредојдовте, почитувани кинески пријатели, а покрај автопатот беа украсени знамињата на двете земји.
Големо црвено знаме со пет златни ѕвезди ја покрива западната порта на Белград – кулата Генекс, со писмена порака за добредојде за лидерот со кој Србија има силни економски и политички врски.