Нов црн биланс од земјотресот во Мјанмар: Бројот на загинати надмина 1.700

Во шест региони на Мјанмар е прогласена вонредна состојба по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Досегашниот биланс од катастрофалниот земјотрес што ги погоди Мјанмар и Тајланд во петокот е повеќе од 1.700 мртви, 3.400 повредени и повеќе од 300 исчезнати, додека странските спасувачки тимови и помош се влеваат во сиромашната земја, каде болниците се преполни.

Во шест региони на Мјанмар е прогласена вонредна состојба по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Во исто време, спасувачките тимови во главниот град на Тајланд, Бангкок, продолжуваат со потрага по луѓе кои се уште се водат како исчезнати во урнатините на урнатата кула од 30 ката, јавува Франс 24.

Пронајдете не на следниве мрежи: