Во Миладиновци засадени нови дрвца


Во  населено место Миладиновци денеска успешно реализирана акција за пошумување, отпочна акција  со која се засадени 27.000 садници  на простор од 10 хектари, акцијата е поддржана од ДМ Дрогерие Маркт и Македонски шуми со активно учество на Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и претставници на Советот на Општината, учествуваше во акцијата „Пошумуваме заедно за позелено утре“, определбата на општината е збогатување и обновување на шумскиот фонд во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“, пошумувањето е природно добро од општ интерес,  обврска на секој од нас е  да работи на  подобрување на еколошката свест, а со тоа ќе придонесеме да имаме чист воздух и квалитетна животна средина за идните генерации.

Во акцијата на пошумување учествуваа над 300 граѓани, Општина Илинден има стратешка определба кон подобрување на еколошката свест, посветено работи  на зголемување на шумскиот фонд, придонесуваме кон создавање на поздрава животна средина и интензивно ќе продолжи кон реализација на проектот „Зелена Општина Илинден“.