Франција, Аргентина, Полска и Австралија осумфиналисти на СП во Катар, денеска уште четири нови

Фудбалските репрезентации на Франција, Аргентина, Полска и Австралија се први осумфиналисти на Светското првенство во Катар. Ова е разрешница на вчера одиграните мечеви во групите Д и Ц по кои овие екипи за изборија за пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Франција го заддржа првото место во групата Д на СП во Катар и покрај 0:1 поразот од Тунис откако Дидие Дешам го стартуваше мечот без своите први ѕвезди. Тунижаните го искористија ова и дојдоа во водство во 58. минута, кога Вахби Хазри ги донесе аутсајдерите во водство коешто го задржаа и до крајот на мечот.

Големо изненадување направи и селкцијата на Австралија која поведе против разочарувачки слабите Данци со 1:0 со голот на Метју Леки. Остварената предност тие ја задржаа во текот на целиот натпревар и по што го заверија влезот во осминафиналето.

Во групата Ц Аргентина го освои првото место откако Алексис Мек Алистер и Хулијан Алварез ги постигнаа своите први голови во националниот дрес за 2:0 победа над Полска. Полајците, пак, успеа да се „протнат“ во осминафиналето откако Саудиска Арабија во финишот на мечот постигна гол за Мексико да се задоволи со 2:1 победа над азискиот ривал и да испаднат поради гол-разлика.

Аргентинците знаеја дека единствен сигурен пласман им е со победа над Полска, и тргнаа силно од почетокот, со далеку повеќе шанси и целосна контрола на играта. Фудбалерот од средниот ред на Брајтон со „неаргентинско“ име, Алексис Мек Алистер веднаш на стартот им донесе предност на „албиселесте“. Во 68. минута, младиот напаѓач на Манчестер сити, Хулијан Алварез исто така го доби својот првенец во националниот дрес. Овој меч го одбележа и пеналот кој полскиот голман Шчесни му го одбрани на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси. На Шчесни ова му е втор одбранет пенал на Мундијалот

Вечерва на СП во Катар, пак, ќе бидат формирани две нови осминафинални двојки. На програмата се натпреварите од последното коло во групите Е и Ф. Натпреварите во Е групата ќе се играат од 20 часот. Шпанија за противник ја има Јапонија, а Костарика ќе се пресмета со Германија.

Натпреварите во Ф-групата ќе започнат во 16 часот. На програмата покрај европското дерби Хрватска-Белгија ќе биде и дуелот Мароко-Канада. Со исклучок на Канада останатите три репрезентации имаат реални шанси за пласман во осминафиналето.

Фото: Макфакс

Претходна вестХИВ-позитивни и натаму стигматизирани: Им одбиваат здравствена услуга, не им се чуваат податоците…
Следна вестВо Кичево падна лото – седумка тешка цели 535.000 евра