Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ и сопруга на Радослав Драгијевиќ, кој е осомничен дека помагал да се сокрие телото на девојчето, го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.

Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените.

Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок во однос на Радослав Драгијевиќ, кој е нејзин сопруг и во однос на нејзиниот син Дејан Драгијевиќ. Таа го искористи правото да не сведочи, изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, пак, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, ќе бидат испратени на психијатриско вештачење во Специјалната затворска болница во Белград веднаш штом се исполнат условите за тоа, односно штом веќе не е потребнонивното присуство во доказната постапка што во моментов се води, потврдија од Блиц во Вишото јавно обвинителство во Зајечар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.