Вучиќ и Си Џинпинг потпишаа Заедничка декларација за унапредување на партнерството

од Илинка Илиоска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг денеска потпишаа Заедничка изјава на двете земји за продлабочување и подигање на сеопфатното стратешко партнерство и градење на заедницата на Србија и Кина со заедничка иднина. во новата ера.

„Заедничко челично пријателство“ меѓу Кина и Србија е главната порака на двајцата претседатели.

„Ќе работиме заедно со Србија за да ги браниме нашите основни и долгорочни интереси. Челичното пријателство на нашите две земји само се зајакна, дури и во оваа променлива меѓународна динамика“, рече кинескиот претседател Си Џинпинг за време на средбата меѓу двете делегации.

Со потпишувањето на заедничката изјава започна церемонијата на размена на потпишани документи меѓу двете земји, по што ќе следи прес-конференција на двајцата претседатели.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по тет-а-тет средбата со кинескиот претседател изјави дека двете земји очекуваат напредок во заедничката соработка, која, како што рече, ќе се издигне на ниво на заедничка иднина.

На почетокот на средбата на делегациите на двете земји, тој му се заблагодари на Си за отворениот и искрен разговор и истакна дека може многу да научи.

„Од политичките консултации, кога имаме проблеми како мала земја со кои се соочуваме, поради притисоците кои доаѓаат од различни страни, поради независната политика што ја водиме, ги покануваме нашите кинески пријатели, ве покануваме вас, претседателе Си“, рече Вучиќ.

Вучиќ му се заблагодари на Си за неговата поддршка за територијалниот интегритет на Србија и за „бројните прашања на меѓународната сцена“.

Тој оцени дека договорот за стратешко партнерство од 2016 година значително придонел за економскиот напредок и истакна дека три кинески компании – железарницата Хбис и рудниците за бакар и злато Зијин се најголеми извозници од Србија.

„Благодарение на индустриската соработка и соработката во развојот на инфраструктурата, тоа ја подигна и ја обнови нашата земја. Договорот за слободна трговија широко ја отвори вратата за напредок на Србија“, рече Вучиќ.

На почетокот на средбата меѓу двете делегации, Си Џинпинг, изјави дека пријателството меѓу Србија и Кина е „взаемно и искрено“.

„Постои силно чувство на пријателство меѓу нашите две земји, тоа ми остави исклучително длабок впечаток. Приемот што го организиравте покажува дека нашите односи се на високо ниво“, рече Си.

Кинескиот претседател е во дводневна посета на Белград, а денеска му беше организиран свечен пречек пред Палатата Србија.

 

Слични содржини