„Повлекување на ИДФ и рехабилитација на Газа“: Што наводно содржи предлогот за прекин на огнот во Газа?

од Nikola Popovski

Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, објави во понеделникот палестинската организација.

Иако предлогот не беше објавен, израелските медиуми објавија дека тој содржи три фази кои, меѓу другото, вклучуваат размена на киднапирани Израелци и палестински затвореници и повлекување на ИДФ од Газа.

Американски, египетски и катарски посредници во последните денови преговараа со Хамас за предлог од три фази, кој доби зелено светло од Израел. Предлогот не е јавно објавен, но, наводно, бара во првата фаза да бидат ослободени 33 живи заложници – жени, деца, стари лица и болни за време на 40-дневното примирје, во замена за стотици палестински затвореници.

Според објавениот текст, индиректните разговори меѓу Израел и Хамас повторно би започнале на 16-тиот ден од прекинот на огнот, со цел да се воспостави аранжман за враќање на одржливиот мир во Газа во текот на втората и третата фаза од договорот.

Во втората фаза, сите преостанати живи затвореници ќе бидат ослободени за време на дополнителното примирје од 42 дена, во замена за уште стотици палестински затвореници, а ИДФ ќе се повлече од Газа.

Третата и последна фаза од договорот повторно ќе трае 42 дена и Хамас треба да ги предаде телата на убиените на 7 октомври или кои починале во заробеништво, во замена за телата на палестинските затвореници кои починале во израелски притвор.

Рехабилитацијата на Појасот Газа ќе започне во првата фаза од договорот, почнувајќи со реконструкција на патишта, електрична енергија, вода, санитарна и комуникациска инфраструктура во Газа. Подготовките за петгодишниот план за реконструкција на куќи и цивилна инфраструктура во Газа ќе бидат завршени во втората фаза од договорот, а изградбата ќе започне во третата фаза, објавија хебрејските медиуми.

Слични содржини