Утрински Весник
Скопје

Здружението „За нас“ ќе донира оброци за бездомни лица

20240506160835 Big 730x400 13.webp.webp

Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, предводена од Здружението „За нас“, по повод меѓународната недела на сестринството, што секоја година се одбележува во периодот од 5 до 12 мај, денеска ќе донира оброци за бездомни лица во реонот на Скопје.

– Во соработка со хуманитарната организација „Свети Спас“ и отецот Оливер Петровски, во црквата „Свети Петар и Павле“, Горно Лисиче, во црковно – народната кујна, здружението „За нас“ ќе донира намирници со што ќе се подготвуваат оброците.

Подоцна, истите ќе бидат разнесени низ пунктовите за 230 штитеници во црквите „Свети Спас“ во Драчево, „Свети Николај Чудотворец“ во Аеродром, „Свети Архангел Михаил“ во Автокоманда, „Свети Јован Крстител“ во Бутел и во „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, се наведува во соопштението на здружението.

Според претседателката Гордана Бешлиовска, ова е уште еден момент каде тие сакаат да ја истакнат хуманата страна на нивната професија.

– Особено во еден ваков период, кога се во тек големите велигденски празници и празнувањето на меѓународната недела на медицинската сестра.

Нека биде ова пример и поттик за секој поединец или поголема организација, што се во можност да придонесат кон градењето на поголема општествена одговорност, се наведува во нејзината писмена изјава.

Можете да прочитате

Стопанска Триоги триатлон во Скопје, посебен режим на сообраќајот

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош