И во новата сезона продолжува довербата на комисиите на УЕФА кон претставниците на Фудбалската федерација на Македонија на меѓународната сцена. Филип Поповски е одреден на 23 јануари да биде делегат во шестото коло во Лигата на Европа во Франкфурт меѓу Ајнтрахт и Ференцварош. На табелата од 36 клуба Ајнтрахт е на 5 место со 13 бода, додека Ференцварош е на 16 место со 9 бода.
Минатата година Поповски беше делегат на финалниот натпревар на Европското првенство во Германија меѓу Шпанија и Англија. Тој е единствен во историјата на македонскиот фудбал кој ја извршуваше оваа престижна функција.
На меѓународната сцена денес ќе се појави и менаџерот за фудбал во ФФМ Жарко Игњатовски исто така во Лигата на Европа каде ќе ја извршува должноста организационен директор на натпреварот меѓу Викторија Плзен и белгискиот клуб Андерлехт. На табелата Андерлехт е на 3 место со 14 бода, Викторија Плзен на 17 со 9 бода.
М .М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА