Панатинаикос го урна Макаби во мајсторката и обезбеди Ф4

Екипата на Панатинаикос е вториот учесник на кошаркарскиот фајнл фор во Берлин, откако во мајсторката го совладаа тимот на Макаби Тел Авив со 91-72 и така обезбедија учество меѓу најдобрите четири тима.

Панатинаикос го сруши отпроот на Макаби во последниот период од мечот, носен од своите симпатизери во Атина, и така ја оправда фаворитската улога. Во првите три четвртини се водеше голема битка, ниту една од екипите не можеше да направи достојна разлика, се до последниот период кога грчкиот тим успеа да ја разбие одбраната на противникот, и да слави триумф.

Најефикасен беше Нан со 26 поени, додека кај Макаби Браун се истакна со 19 поени.

Учество на Ф4 досега обезбеди само Реал Мадрид, кој со 3-0 ја совлада Басконија.

Се вчитува...