Шпанските медиуми открија за што разговарале Ѓоковиќ и Белингам

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, и еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Џуд Белингам, неодамна на доделувањето на наградите „Лауреус“ имаа средба во ходникот пред да излезат на сцената за да ги примат наградите.

Шпанските медиуми денес објавија транскрипт од тој разговор, а темата била Лука Модриќ.

Ѓоковиќ: Бев на натпреварот (на Ел класико). Неверојатна група на играчи. Лука Модриќ е добар пријател и неверојатен е за своите години.

Белингам: Не знам како може да игра на 38 години. Знаеш дека изгледа како да е на мои години.

Ѓоковиќ: Многу трча. Во таква позиција е да мора да оди напред – назад.

Белингам: Тој се уште го прави тоа, и тоа многу лесно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести