Директор на турнир во Ротердам: Направив огромна грешка со Карлос Алкараз

Директорот на турнирот во Ротердам и поранешен тренер, се присеќа како во минатото тогаш се уште младиот и недоволно афирмиран тенисер Карлос Алкараз, аплицирал за посебна покана за овој турнир.

Тоа се случило во 2021 година кога Алкараз и не беше така познат по своите натпревари, па му беше потребна посебна покана со цел да игра во овој холандски град, на турнирот од серијата 500.

Меѓутоа, Ричард Крајичеќ смета дека направил грешка, па таа вајлд-карта му ја доделил место на Алкараз, на Енди Мареј.

– Пред три години Алкараз побара посебна покана да игра во Ротердам. Го одбив и го поканив Енди Мареј. 18 месеци подоцна, тој стана прв тенисер во светот, па се надевам дека никогаш повеќе нема да направам таква погрешка проценка, порача Крајичек.

Турнирот во Ротердаме на програмата од 11. до 18. февруари, а титулата нема да ја брани Данил Медведев поради замор и повредата на десното стапало.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО