Лазаревска: СДСМ основа Медицински факултет во Битола

од Nikola Popovski

Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави денеска на прес-конференција, пратеничката Жаклина Лазаревска. Според нејзините зборови, Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола, а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.

Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.

-Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место, рече Лазаревска во своето обраќање.

Слични содржини