Денеска се одржува еко-акција во Струмица, Василево, Босилево и Ново село

Еко-акцијата „Чисти ридови за сите“ по четврти пат се одржува денеска (недела, 31 март), координирано во 4-те општини од струмичката котлина – Струмица, Василево, Босилово, Ново Село.

Акцијата почнува од 10 часот, а според ВК Актив, таа полека прераснува во убава традиција токму на почетокот на пролетта.

Еве ги локациите, каде ќе се спроведе акцијата:

Општина Струмица:
– групата ќе започне од РЦСОО „Никола Карев“ во 10.00 часот од каде групата ќе се упати по асфалтниот пат „Лозињата – Чамчифлик“, за на крај да се пристигне до месноста т.н. Стрелиште;

Општина Ново Село:
– еко акцијата ќе се спроведе на „Новоселска брана“ со почеток во 10:00 часот;

Општина Босилово:
– еко акцијата ќе се спроведе на „Брана Иловица“ и просторот околу манастирот во Хамзали, со почеток во 10:00 часот;

Општина Василево:
– еко акцијата ќе се спроведе на јавните површини во сите населени места, со почеток во 10:00 часот;

Од Вк Актив велат дека предвидено е собраниот смет учесниците да го одложат во вреќи за отпад покрај патот на предвидените рути и локации, од каде со возила на комуналните претпријатија понатаму сметот ќе биде собран и одложен во соодветните депонии.

„Ја користиме оваа прилика да ве поканиме сите вас – љубители на природата, кои сакате почиста околина, кои сте спремни да одвоите дел од вашето слободно време да се вклучите во оваа акција и сите заедно и организирано да и вратиме нешто на нашата прекрасна природа“, соопштуваат тие.