30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nike“ се надева дека со Олимпијадата ќе го врати уделот на пазарот

„Nike“ се надева дека со Олимпијадата ќе го врати уделот на пазарот

„Nike“ ја претстави олимписката опрема за тимовите што ги поддржува, со спортисти како што се кениската маратонска ѕвезда Елиуд Кипчоге и британската спринтерка Дина Ашер-Смит, обложувајќи се дека ќе и помогнат да го освои интересот на професионалните спортисти и обичните корисници.

По долг период на слаба продажба, Олимпијадата оваа лето во Париз нуди нова можност за „Nike“ да го привлече светското внимание на своите производи, како што се патиките за трчање „Alphafly 3“, кои се продаваат за 285 долари.

Покрај облекувањето на сите американски спортисти на Олимпијадата, „Nike“ ќе обезбеди опрема за спортските тимови на Канада, Кина, Кенија, Германија и Уганда на Олимпијадата, кошарките на Кина, Франција, Јапонија и Шпанија и опрема за Јужна Кореја (брејкденсери), нов спорт на Олимпијадата во Париз.

Патиките од високата класа кои „Nike“ ќе ги прикаже на Олимпијадата служат на релативно ограничена публика, но пошироката цел на компанијата е да продава повеќе патики за трчање во ценовниот опсег на ниска и средна класа. Во четвртокот, таа ја претстави својата палета на чевли „Pegasus“, кои се продаваат за помеѓу 130 и 160 долари.

„Nike“ ја покажа својата технологија за амортизирање со воздух, која се користи во сè, од чевли за трчање до патики и плетени ткаенини, што ги прави чевлите полесни.

„Она што го учиме од нашите врвни спортисти, првите 10% од спортистите со кои работиме, е дека иновациите се пренесуваат бидејќи сме фокусирани да се осигураме дека нашите иновации се применливи за сите форми на телото, брзини и стилови на трчање“, коментира Мет Нурс, потпретседател на лабораторијата за спортски иновации на „Nike“.

Брендовите како „On Running“, „Hoka“ и „Lululemon“ го преземаат пазарниот удел од „Nike“, а егзодусот од гломазните кошаркарски патики и префрлањето на пониски чевли како што е „Adidas Samba“, исто така, влијае на гигантот за спортска облека.

„Дефинитивно има поголема конкуренција… добро е да се знае што мислат и реагираат потрошувачите, мислам дека конкуренцијата секогаш нè прави подобри“, вели Нурс.

Пред три недели, „Nike“ предупреди дека нејзиниот приход во првата половина од финансиската 2025-та година ќе се намали и додаде дека ќе ги намали нарачките за популарни чевли како што е „Air Force 1“ во обид да се фокусира на нови, иновативни производи.

Додека „Nike“, со годишен приход од 51,2 милијарди долари за годината до 31-ви мај 2023-та година, е многу поголем од „Adidas“ и „Lululemon“, аналитичарите во „HSBC“ очекуваат нејзиниот годишен раст на продажбата да заостанува зад тие брендови во 2024-та, 2025-та и 2026-та година.

„Тие немаат многу возбудливи иновации на производи во последно време“, вели Том Никич, аналитичар во „Wedbush“ во Њујорк.

Гледајќи олимпијци како рушат рекорди во опрема на „Nike“, купувачите може да гравитираат кон брендот.

„Останува да се види дали „Nike“ има силен производ за да го искористи вниманието што ќе го добие“, вели Никич.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП