Северна Кореја ја изведе својата прва вежба симулирајќи нуклеарен противудар

Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби со симулација на нуклеарен противудар, објави државната новинска агенција на земјата KCNA и други државни медиуми.

Врховниот водач Ким Џонг-ун ја надгледуваше вежбата, наречена „нуклеарно чкрапало“, која беше дел од тестот на системот за управување со нуклеарно оружје на нацијата. Покрај тоа што севернокорејското водство сака да ја тестира различноста на сопствените нуклеарни капацитети, тоа беше, според KCNA, протест против американските и јужнокорејските „провокативни и инвазивни“ воени вежби.

Симулациските вежби на севернокорејската војска вклучувале маневрирање на војниците во позиција за нуклеарен противнапад и истрелување на лажни нуклеарни боеви глави во случај на предупредување за нуклеарна криза. Во таа прилика биле истрелани неколку балистички ракети со кус дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.

Пред неколку дена Северна Кореја објави дека тестирала боева глава од „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушен проектил. Тогаш беше кажано дека овие тестови се дел од редовните воени активности на Северна Кореја и немаат никаква врска со ситуацијата во опркружувањет.

Резолуциите на ОН ѝ забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој и да е дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.