Во еден ден три лица искасани од улични кучиња во Скопје

116

Во неделата, во полиција три лица пријавиле каснување од кучиња скитници на територијата на Скопје. Две се во центарот на градот а едно во Карпош.

– На 21.04.2024  во 11.15 часот во Полициската станица Центар, С.М.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Јужен булевар“ во Скопје била касната од куче скитник. На 21.04.2024 во 22.35 часот во Полициската станица Центар, Л.Ц.(78) од Скопје пријавила дека на  ул.„Народен фронт“ во Скопје била касната од куче скитник. На 21.04.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Карпош, Ш.А.(69) од Скопје пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник, пишува во полицискиот билтен на СВР Скопје.