УКРАИНСКАТА ВОЈСКА СЕ ПОВЛЕКЛА ОД ТРИ СЕЛА ВО ДОЊЕЦК И ВЕЛИ ДЕКА СИТУАЦИЈАТА НА ФРОНТОТ Е ВЛОШЕНА

    УКРАИНСКАТА ВОЈСКА СЕ ПОВЛЕКЛА ОД ТРИ СЕЛА ВО ДОЊЕЦК И ВЕЛИ ДЕКА СИТУАЦИЈАТА НА ФРОНТОТ Е ВЛОШЕНАРуските трупи продолжија да напредуваат откако ја освоија Авдивка (Фото: Гети)

    Шефот на украинската војска Олександр Сирски изјави дека ситуацијата на фронтот е влошена и дека морале да се повлечат од три села во источниот регион Доњецк, каде што Русија концентрира значителни сили на неколку локации. Киев се надева дека ќе може да ја стабилизира својата позиција откако ќе почне да пристигнува одобрената помош од САД од 61 милијарда долари.

    Ситуацијата е најтешка западно од окупираната Маринка и северозападно од Авдивка. Украинските сили зазедоа нови позиции западно од селата Бердичи, Семенивка и Новомихајливка. Непријателот постигна тактички успеси во овие сектори и напаѓа со четири бригади“, изјави Сирски.

    Руските трупи продолжија да напредуваат откако ја освоија Авдивка, искористувајќи го недостигот на муниција, војници и противвоздушна одбрана во украинските редови. Според некои анализи, тие напредувале повеќе од 15 километри во Доњецк.

    Сирски вели дека најголем дел од борбите сега се водат околу Часив Јар, стратешки важен ридски град од каде што се отвора пат кон последните големи украински упоришта во Доњецк, Краматорск и Славјанск.

    Часив Јар и селото Иванивске се најжешките точки на североисточниот дел на фронтот“, кажа Сирски.

    Според него, загрижувачки развој на настаните е зголемувањето на бројот на руските трупи во областа на Харкив, кој со 1,3 милиони жители е вториот по големина град во Украина. Тој додава дека засега нема назнаки дека Русија спрема офанзива на северот на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира