Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд ќе играат меѓу себе во едното полуфинале од Лигата на шампионите, но пред да почнат нивните реванш-средби синоќа, овие два клуба беа аутсајдери за пласман во полуфиналето според квотите во Sport Life.
Сите што типуваа на Париз и Дортмунд, сега задоволно тријат раце и имаат добивка.
Вечерва ќе се дознае и втората полуфинална двојка, а според квотите за пласман во полуфинале, фаворити се Манчестер сити и Баерн Минхен, што значи дека има многу примамливи квоти на Реал Мадрид и Арсенал.
Реал на последните 23 гостувања секогаш дава гол, но губеше на последните три гостувања на „Етихад“, па на 14-кратниот првак ќе му треба знаење и среќа за да го елиминира актуелниот првак.
Инаку, тука се и квотите за освојувач на ЛШ. Прв фаворит е Сити, сега втор фаворит е ПСЖ, а Борусија и понатаму е аутсајдер, иако синоќа покажа дека е тим кој е способен за големи нешта.