Вести Магазин Наука и здравје

Здравата храна е клуч во борбата против ракот на дојка и срцевите болести покажуваат истражувањата

Конзумирањето на здрава храна треба да биде имплементирано во секојдневнието на сите нас, со цел да го одржуваме здравиот организам, но и да ги спречиме несаканите болести. Истражувањата покажуваат дека жените кои во време на откривање и дијагностицирање на ракот на дојка е потребно да конзумираат здрави намирници. Практикувањето и почестото јадење зеленчук, овошје, протеини и нискомасни млечни производи, покажува намалување на опасноста од 47 отсто од срцеви заболувања кај жените со рак на дојка, отколку од оние во чија исхрана преовладуваат масти, црвено месо и производи од месо.

Направено е истражување и истото е  спроведено од научници, од Истражувачкиот центар „Кајзер Перманенте“ во Калифорнија. Наодите од испитувањата се важни, бидејќи се покажало дека жените кои се лекувале од рак на дојка, се изложени на значително поголем ризик од кардиоваскуларни болести од оние кои немаат ваков вид рак.

Зголемувањето на можноста од срцеви заболувања е предизвикано од самиот третман на рак на дојка, којшто е кардиотоксичен, а за него дополнително придонесува и неправилната исхрана, недоволната физичка активност и пушењето цигари. Истражувањето се заснова на повеќе од 3.400 случаи на агресивен рак на дојка.

Pезултати поврзани со заштитата од срцеви заболувања, се забележани во случаи кога болните жени се лекувале со антибиотикот „Антрациклин“ што ги труе и убива канцерогените клетки. Според податоците на Светската здравствена организација во 2022 година, во светот се регистрирани 3,2 милиони случаи на рак на дојка и 670.000 смртни случаи од истата. Во однос на бројот на заболени, како и бројот на смртни случаи, ова е еден од најчестите карциноми кај жените во светот.

Научниците тврдат дека опасноста од овој вид рак се зголемува со возраста. Во однос на тоа жените до 40 години имаат 1,5 отсто можност да заболат од рак на дојка, оние над 50 години  имаат можност од 3 насто, а тие што ќе навршат 70 години имаат ризик од 4 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе