Рен и Брест го одиграа натпреварот на сезоната во Лига 1, навивачите видоа дури девет гола

Фудбалерите на Рен и Брест го одиграа натпреварот на сезоната во француската Лига 1, постигнувајќи дури девет гола.

на крајот славеше Брест со 4:5 и тоа со гол во шестата минута од судиското продолжение, иако во второто полувреме имаше водство од 1:4.

Првото полувреме го добија фудбалерите на Рен со 2:1 благодарение на головите на Калимуендо во четвртата и деветтата минута. Муние во 11-тата минута намали на 2:1, а во второто полувреме неговиот тим даде три гола по ред.

Прво Омари ја смести топката во сопствената мрежа, а потоа во листата на стрелци се запишаа Сатриано и Камара. Домаќинот не се предаде и успеа да израмни на 4:4 и тоа со головите на Теате во 68-та и на Терие во 79-тата минута.

Но, тоа не беше се бидејќи во моментите кога сите навивачи на „Роазон парк“ во Рен помислија дека мечот ќе заврши без победник, во шестата минута од продолжението, Брасие постигна гол за победа на Брест од 4:5.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести