Бизнис
БОГАТИТЕ ТУРИСТИ МАСОВНО ПАЗАРАТ ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ВО ЈАПОНИЈА
07.11.2024
Поради слабиот јен во 2024 година во Јапонија се забележува поголем прилив на странски гости кои ја посетуваат земјата за да купат од луксузните производи на познати светски брендови. Најбројни купувачи-туристи има од Кина кои се заинтересирани за „маркирана“ облека и обувки. Во Јапонија продавниците на познати модни брендови имаат зголемување на продажбата за над 50 отсто, додека во Европа, Кина и САД вкупниот раст е само 1 отсто во вториот квартал годинава.
Причината за раст на продажбата се попривлечните цени во Јапонија како последица на слабиот јен во однос на другите светски валути.
Колкава е разликата во цените покажува споредбата на цената за еден производ кој во 2019 чинел осум евра, сега истиот во Јапонија може да се купи за 5,8 евра. Или, луксузен часовник кој чинел 5.600 евра сега се продава за 4.000 евра. На ова треба да се додаде и попустот за поврат на данокот.
Поприфатливите цени на луксузни производи во Јапонија им овозможи на туристите да трошат повеќе за пазарењето. Меѓу јануари и март 2024 година туристите трошеле повеќе пари за 52 отсто во однос на истиот период пред пет години, пренесува „Бизнис и финансии“.
фото freepic