• среда, 24 април 2024

Уасен малолетник од Тетово кој одзел автомобил

Уасен малолетник од Тетово кој одзел автомобил

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Полициски службеници ноќеска уапсиле малолетник во Тетово, кој украл возило „фолксваген пасат“. Возилото и е вратено на сопственичката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Ноќеска, во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода малолетник. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовката М.С.(46), по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовецот Ш.С.(45), информираат од МВР.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ир/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан