Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора.

Потресот се случил во 19 часот и 25 минути, а епицентарот бил на 17 километри од Билеќа во Босна и Херцеговина.

Жителите на Билеќа го опишаа последниот земјотрес како слаб на веб-страницата на ЕМСЦ, но оние од Црна Гора забележаа дека се чини дека е посилен од пријавените 2,6 степени.

Да потсетиме, рано утрово Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,4 степени.

Тој потрес се почувствува и во регионот.

Потоа следеа неколку помали земјотреси.

Претходна вестШестмина тетовчани силувале малолетничка која не наполнила 15 години
Следна вестВремето денеска: Променливо облачно со сончеви периоди, температурата ќе достигне до 19 степени