Протест во Софија против враќањето на хартиените гласачки ливчиња

Од:

Лидерот на Здружението на граѓани „БОРЕЦ“, Георги Георгиев, денеска влезе во зградата на бугарското Народно собрание во знак на протест против враќањето на хартиеното гласачко ливче што како законска измена го подготвуваат пратениците во парламентот, јавува дописникот на МИА од Софија.

Претходно претставници на здружението протестираа на северниот влез на Народното собрание, влегувајќи во расправии со обезбедувањето во парламентот.

Георгиев во зградата на бугарскиот Парламент изјави дека денеска носат само транспарент „Не допирајте го кодексот“ и дека целта им била, и надвор, и внатре во зградата на парламентот, да го искажат својот граѓански став против обидите за враќање на хартиените гласачки ливчиња.

Тој објасни дека во собраниската зграда влегле со пропусници и на покана на „Промените продолжуваат“. Внатре во фоајето на централниот влез на бугарскиот Парламент, тие поставија транспарент против враќањето на хартиеното гласачко ливче, но обезбедувањето истиот го искинал.

Народниот пратеник од „Демократска Бугарија“, Кремена Кунева, објави видео на кое се гледа како припадниицте на собраниското обезбедување ги кинат плакатите на „БОРЕЦ“ против враќањето на хартиеното гласачко ливче со натписот „Не допирајте го кодексот“.

Извор: МИА