Фон дер Лајен удри по европските екстремни десничари: Ослободете се од пропагандата на Путин!

368

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска остро ги нападна екстремно десничарските партии како што е Алтернатива за Германија (АфД) кои се кандидираат за изборите за Европскиот парламент, порачувајќи им „да си ја исчистат куќата“ и да се ослободат од пропагандата на Кремљ.

„Вашите колеги и водечките кандидати од АфД се под истрага дека биле во џебот на рускиот претседател Владимир Путин“, рече Фон дер Лајен во дебатата со неколку други кандидати за иднината на ЕУ.

Тоа беше нејзиниот одговор на Андерс Вистисен од десничарската Данска народна партија, алудирајќи на минатонеделното апсење на помошник на водечкиот кандидат на АфД, Максимилијан Крах, под обвинение за шпионажа.